Skip Navigation Links

Известување за заштита на податоците

Robert Bosch d.o.o. (во натамошниот текст „TT/SSM“ или „Ние“ или „Нас“) ви посакува добре дојде на нашите интернет-страници и мобилни апликации (заедно наречени и „онлајн-понуди“). Ви благодариме за вашиот интерес за нашата компанија и за нашите производи и услуги.

Подолу може да го прочитате или да го отпечатите нашето известување за заштита на податоците.

1. ТТ ја почитува вашата приватност
2. Контролор
3. Собирање, обработка и користење на личните податоци
4. Користење на нашите мобилни апликации
5. Безбедност
6. Права на корисниците
7. Измени на Известувањето за заштита на податоците
8. Контакт
9. Датум на стапување во сила

Напоменуваме дека ќе добиете пристап до оваа TIS-апликација само ако потврдите дека сте го прочитале и сте го зеле предвид ова Известување за заштита на податоците.

1. ТТ ја почитува вашата приватност

Заштитата на вашата приватност во текот на обработката на личните податоци, како и безбедноста на сите деловни податоци се од значителен интерес за нас. Ние ги обработуваме личните податоци што биле собрани во текот на вашата посета на нашите „онлајн-понуди“ со доверливост и само во согласност со законските прописи.

Заштитата на податоците и безбедноста на информациите се вклучени во нашата корпоративна политика.

2. Контролор

TT/SSM е контролор што е одговорен за обработка на вашите податоци; исклучоците се наведени во ова известување за заштита на податоците.

Нашите детали за контакт се следниве: Robert Bosch d.o.o., Milutina Milankovića 9ž, 11070 Novi Beograd, Srbija.

3 Собирање, обработка и користење на личните податоци

3.1 Принципи

Личните податоци ги вклучуваат сите информации што се поврзани со идентификувано физичко лице или физичко лице што може да се идентификува, каде спаѓаат, на пример, имиња, адреси, телефонски броеви, адреси на е-пошта, основни податоци од договори, пресметковни податоци и податоци за плаќање од договори, кои се израз на идентитетот на лицето.

Ние собираме, обработуваме и користиме лични податоци (вклучително и IP-адреси) само кога постои законска основа за да се направи тоа или ако вие сте дале согласност за обработка или за користење на личните податоци што се однесуваат на ова прашање, односно преку регистрација.

3.2 Обработувани категории податоци

Се обработуваат следниве категории податоци:

• Комуникациски податоци (на пример, име, телефонски број, адреса на е-пошта, IP-адреса)
• Основни податоци од договори (на пример, договорни односи, договорен интерес или интерес за производ)
• Историја на клиентот
• Сметководствени податоци или податоци за плаќање од договори
• Податоци за планирање и регулирање

3.3 Цели на обработката и правна основа

Ние, како и давателите на услуги што се овластени од нас, ги обработуваме вашите лични податоци за следниве цели за обработка:

Исполнување на договорните обврски според нашите договорни услови во согласност со договорот за услуги.
(Правна основа: Исполнување на договорните обврски). Напоменуваме дека сте обврзани да ни ги доставите сите податоци што се бараат за исполнување на сите обврски од договорот за услуги. Прекршувањето на овој услов може да доведе до губење на правата од договорот.

Управување со рекламациите на клиентите
(Правна основа: Легитимен интерес за подобрување на нашите производи, услуги и „онлајн-понуди“).

Решавање на нарушувањата во давањето услуги, како и од безбедносни причини.
(Правни основи: Исполнување на нашите законски обврски во опсегот на безбедноста на податоците, оправдан интерес за решавање на нарушувањата во давањето услуги, како и заштита на нашите понуди)."

Анкети за корисници или за производи што се спроведени електронски и/или преку телефон
(Правна основа: Легитимен интерес за унапредување на нашите производи и перформансите на сервисот)

Заштита и одбрана на нашите права.
(Правна основа: Оправдан интерес од наша страна за заштита и одбрана на нашите права)."

3.4 Регистрација

Ако сакате да ги користите или да добиете пристап до погодностите што се потребни за да се вклучите во исполнувањето на договорот, бараме ваша регистрација. Со вашата регистрација ги собираме личните податоци што се неопходни за да се вклучите во исполнувањето на договорот (на пример, име, презиме, датум на раѓање, адреса на е-пошта, ако е применливо, податоци за претпочитуваниот начин на плаќање или за носителот на сметката, за ДДВ), како и дополнителни податоци на доброволна основа, ако е применливо.

3.5 Датотеки за евиденција

Секогаш кога користите интернет, вашиот пребарувач пренесува одредени информации што ние ги складираме во таканаречените датотеки за евиденција.

Ние ги меморираме датотеките за евиденција краток временски период за да утврдиме нарушувања на услугите и од безбедносни причини (на пример, да истражиме обиди за напад), а потоа ги бришеме. Датотеките за евиденција што треба да се зачуваат како докази не се бришат додека не биде решен предметниот инцидент и може, во зависност од случајот, да им бидат пренесени на истражните органи.

Датотеките за евиденција се користат и за цели на анализа (без IP-адреса или без целосна IP-адреса).

Во датотеките за евиденција особено се чуваат следниве податоци:

– IP-адресата (адреса на интернет-протокол) на терминалниот уред што се користи за пристап до онлајн-понуда;
– Податоците за идентификација на мобилен уред, ако онлајн-понудите се користат преку мобилен уред;
– Интернет-адресата на веб-страницата од која се пристапува до онлајн-понудата (таканаречена URL-адреса на потекло или URL-адреса на упатувачот);
– Името на давателот на услуга што се користело за пристап до онлајн-понуда;
– Името на датотеките или на податоците кон кои е пристапено;
– Датумот и часот, како и времетраењето на повикувањето на податоците;
– Обемот на податоците што се пренесени;
– Оперативниот систем и податоците на интернет-прелистувачот што се користени, вклучително и инсталирани додатоци (на пример, Flash Player);
– Кодот на статусот http (на пример, „Барањето е успешно“ или „Побараната датотека не е пронајдена“).

3.6 Деца

Оваа онлајн-понуда не е наменета за деца под 16 години.

3.7 Пренос на податоци

3.7.1 Пренос на податоци на друг контролор

Во принцип, вашите лични податоци се проследуваат до други контролори само ако тоа се бара заради исполнување на договорна обврска, или ако ние самите, или трета страна имаме легитимен интерес за пренос на податоците, или ако вие сте дале согласност. Поединости за правната основа може да се најдат во Делот - Цели на обработка и правни основи. Трети страни, исто така, може да бидат други компании од групата Bosch. Кога податоците се пренесуваат до трети страни врз основа на оправдан интерес, тоа е објаснето во ова известување за заштита на податоците.

Дополнително, податоците може да бидат пренесени до други контролори кога сме обврзани да го направиме тоа поради законски прописи или извршни управни или судски наредби.

3.7.2 Провајдери на услуги (генерално)

Ние вклучуваме надворешни провајдери на услуги со задачи, како што се услуги за продажба и маркетинг, управување со договори, управување со плаќања, програмирање, хостирање на податоци и услуги на отворена линија. Ние внимателно сме ги избрале овие провајдери на услуги и ги следиме редовно, особено во однос на нивно внимателно постапување и заштита на податоците што тие ги чуваат. Сите провајдери на услуги се обврзани да ја чуваат доверливоста и да ги почитуваат законските одредби. Провајдери на услуги може да бидат и други компании од групата Bosch.

3.8 Времетраење на чувањето; период на задржување

Во принцип, ние ги чуваме вашите податоци колку што е потребно за да ги дадеме нашата онлајн-понуда и поврзаните услуги или толку колку што имаме оправдан интерес за чување на податоците (на пример, откако сме ги исполниле своите договорни обврски, сè уште може да имаме интерес по пошта да праќаме маркетиншки материјали). Во сите други случаи ние ги бришеме вашите лични податоци, со исклучок на податоците што сме обврзани да ги чуваме заради исполнување на законските обврски (на пример, поради периоди на чување според даночните и трговските закони ние сме обврзани определен временски период да имаме на располагање документи, како што се договори и фактури).

4. Користење на нашите мобилни апликации

Покрај нашите онлајн-понуди, ние нудиме мобилни апликации („Apps“) што може да ги преземете на вашиот мобилен уред. Надвор од податоците собрани на интернет-страниците, ние собираме дополнителни лични податоци преку нашите апликации што конкретно се резултат на користењето мобилни уреди.

5. Безбедност

Нашите вработени и компаниите што даваат услуги од нашето име се обврзани на тајност и на почитување на важечките закони за заштита на податоците. Ние ги преземаме сите технички и организациски мерки за да обезбедиме соодветно ниво на безбедност и за заштита на вашите податоци што ги администрираме, особено во однос на ризик од ненамерно или незаконско уништување, манипулација, загуба, промена, неовластено обелоденување или неовластен пристап. Нашите безбедносни мерки постојано се подобруваат во согласност со технолошкиот напредок.

6. Права на корисниците

За остварување на вашите права, ве молиме да ги користите информациите што се дадени во делот Контакт. Притоа, внимавајте дa биде можна јасна идентификација на вашата личност.

6.1 Право на информации и на пристап

Вие имате право да добиете потврда од нас за тоа дали вашите лични податоци се обработуваат и, ако е така, пристап до вашите лични податоци.

6.2 Право на исправка и на бришење

Вие имате право да добиете исправка на погрешните лични податоци што се однесуваат на вас без непотребно одлагање од наша страна. Земајќи ги предвид целите на обработката, вие имате право да ги дополните нецелосните податоци, вклучително и со помош на давање дополнителна изјава. Ова не се однесува на податоците што се неопходни за цели на издавање сметка за плаќање или за сметководство или подлежат на определен период на законско чување. Меѓутоа, ако не се бара пристап до таквите податоци, нивната обработка е ограничена (видете ја следнава точка).

6.3 Ограничување на обработката

Вие имате право да барате – сè додека се исполнети законските услови – ограничување на обработката на вашите податоци.

6.4 Спротивставување на обработката на податоците

Вие имате право да се спротивставите на обработката на податоците во кое било време. Ние повеќе нема да ги обработуваме личните податоци, освен за да покажеме усогласеност со законските барања, со цел да обезбедиме причини, кои може да се докажат, за натамошна обработка, а кои се надвор од вашите интереси, права и слободи или за воспоставување, исполнување или одбрана на законските барања.

6.5 Спротивставување на обработката на податоците врз правна основа на „оправдан интерес“

Исто така, имате право да се спротивставите на обработката на вашите податоци во кое било време и сè додека таа се заснова врз оправдан интерес. Потоа ние ќе ја прекинеме обработката на вашите податоци, освен ако покажеме убедливи легитимни основи според законски барања што ги надминуваат вашите права.

6.6 Повлекување на согласноста

Во случај ако сте се согласиле со обработката на вашите податоци, имате право да ја повлечете согласноста со важност веднаш. Законитоста на обработката на податоците пред вашето отповикување останува непроменета.

6.7 Преносливост на податоци

Вие имате право да ги добиете податоците што сте ни ги дале во структуриран, вообичаено употребуван и машински читлив формат или – ако е технички изводливо – да барате да ги пренесеме овие податоци на трета страна.

6.8 Право на жалба до надзорен орган

Имате право да поднесете жалба до надзорен орган. Може да се жалите до надзорниот орган што е одговорен во вашето место на живеење или за вашата држава или до надзорниот орган што е одговорен за нас.

7. Измени на Известувањето за заштита на податоците

Го задржуваме правото за измена на нашите мерки за безбедност и за заштита на податоците ако тоа е потребно како резултат на техничкиот развој. Во таков случај ние соодветно ќе го измениме и нашето известување за заштита на податоците. Ве молиме, видете ја тековната верзија на нашето известување за заштита на податоците бидејќи тоа подлежи на измени.

8. Контакт

Ако сакате да стапите во контакт со нас, ќе нè најдете на адресата што е наведена во Делот „Контролор“.

За да ги потврдите своите права, за кршењето на заштитата на податоците, како и за предлози и рекламации во врска со обработката на вашите лични податоци, препорачуваме да стапите во контакт со комесарот за заштита на податоци за нашата група:

Mr.
Matthias Goebel
Group Commissioner for Data Protection
Information Security and Privacy Bosch Group (C/ISP)
Robert Bosch GmbH
Kronenstrasse 20
70173 Stuttgart
Germany
или
mailto:Abteilungsbriefkasten.cisp@de.bosch.com.

9. Датум на стапување во сила

15.05.2018; Version 1.0